text size
Во Македонија пристигна најавениот робот за молзење и е доставен кај корисникот, фармата „Пивко“, долгогодишен кооперант на Битолска млекара. Оваа инвестиција претставува заеднички проект на Бимилк и УСАИД чија цел е модернизација и унапредување на малите и средните фарми во Македонија. Употребата на овој современ метод за измолзување крави значително ќе ја зголеми продуктивноста и ќе придонесе за унапредување на процесот на млекопроизводството, известија денеска од Бимилк.