ТТК банка минатата година ја зголеми добивката за 36,4 отсто во однос на 2021-та, а на таа тема во гостувањето на Блумберг Адрија ТВ говореше Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на банката.
„Процентот е веројатно доста висок и дури создава впечаток дека е премногу, но кога ќе се споредат базите на податоци во однос на 2021-та, кога поради начинот на справување со ковид-кризата имавме намалена добивка и создавање на одредени резерви, кои добро ги искористивме и добро ни дојдоа и ни создадоа добар почеток во 2022-та“, посочи Арсовски.
Како што нагласи тој, минатата година, пак, банката работела во три правци.
„Прво, тоа познато меѓу оние кои учествуваат на светските берзи дека можете да заработувате и тогаш кога паѓа бизнисот на берзата и кога економијата во Македонија беше доста неизвесна, ние ја имаме банката поставено така што и во услови на претпазливост и во услови на очекуван пад за македонската економија, сепак, да успееме да профитираме. Потоа секојдневно ги следевме и следиме барањата на клиентите во поглед на вршењето услуги и на висината на провизиите со кои функционираме и работиме и она што им го нудиме на нашите клиенти и тоа донесе одредени профити. Исто така, бевме многу внимателни на страната на трошоците и бевме доста рестриктивни, доста внимателни и доста домаќински функциониравме и кон тоа на крајот се додаде и реализацијата на преземени средства...“, нагласи претседателот на Управниот одбор на ТТК банка.
Целиот разговор со него погледнете го на видеото во рамките на објавата.