text size
Според податоците што и официјално ги објави Министерството за образование, повеќе од 65 отсто од учениците се запишале во средните стручни училишта, додека некои од гимназиите за кои претходните години се бараше место повеќе, сега останаа непополнети. Бројот на средношколци е драстично намален во последните години, од учебната 2009/2010 до учебната 2022/2023 има околу 26 илјади ученици помалку. За трендовите и состојбите во образованието за „Блумберг Адрија“ зборуваа Дарко Спасев, директор во средното училиште „Марија Склодовска-Кири“, и Александар Сибиновски, директор во средното училиште „Владо Тасевски“ - Скопје.