text size
Војната на големите корпорации од американската забавна индустрија за очите на светот конечно го пронајде својот пат и до нашите краишта. Откако пионерот на видеосервисот за стриминг, „Нетфликс“ (Netflix), го освои регионот Адрија уште во 2016 година, а Балканот до крајот на пандемијата ги замени вообичаените локални изрази со сеприсутните англизми, како што се бингинг (анг. binging), скролање (анг. scrolling) и „Нетфликс и смирување“ („Netflix & chill”), минатата година на глобалните и локалните пазари се појави нова конкуренција.