Клучните европски лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, денеска во Лондон ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да ги насочат мировните разговори предводени од САД кон решение што ќе ја заштити Украина од можноста за идна руска агресија.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе се приклучат на разговорите во раните попладневни часови. Во меѓувреме, министерката за надворешни работи на Велика Британија, Ивет Купер, ќе замине во Вашингтон за прв пат во нејзината сегашна улога за да се сретне со американскиот државн секретар Марко Рубио и други официјални лица.
Прочитајте повеќе: Зеленски вели дека засега нема договор за Источна Украина во разговорите со САД
Прочитај повеќе
Мерц лобира Белгија да го поддржи планот на ЕУ за голем кредит за Украина
Белгискиот премиер Барт де Вевер се спротивставува на идејата, тврдејќи дека Белгија би можела да биде одговорна доколку Русија поднесе тужба како одговор на таквиот потег.
06.12.2025
Европа се соочува со најтешкиот момент во обид да избегне разделба со САД
Европските лидери се длабоко загрижени поради напорите на САД да постигнат договор што беше изготвен со Русија и кој би претставувал капитулација на Западот.
06.12.2025
САД ги повикаа европските држави да го блокираат заемот на ЕУ за Украина
Вашингтон бара руските средства да не се користат за заем за Украина, но некои од европските лидери возвраќаат дека тоа ќе биде одлука на Европа.
05.12.2025
Макрон бара поддршка од Шји за Украина и повикува на кинески инвестиции
Самитот Макрон–Шји има сложена агенда, се отвораат темите за Украина, трговските нерамнотежи и зависноста на ЕУ од ретките минерали.
04.12.2025
Петчасовни преговори во Кремљ, но крајот на војната во Украина и натаму е далеку
Путин и високи американски претставници одржале „корисни“ разговори за Украина. Што нудат САД, што е прифатливо за Русија и што носат овие преговори за иднината на конфликтот...
03.12.2025
Белгија го отфрла предлогот на ЕУ за користење руски средства за помош на Украина
Белгија го отфрли законскиот предлог на Европската Унија (ЕУ) за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на заем за Украина.
03.12.2025
Виткоф отпатува во Москва, престојат клучни разговори со Путин за крај на војната во Украина
Путин објави пад на Покровск токму пред средбата со американскиот пратеник Виткоф, што го усложнува обидот за нов мировен договор и ја зголемува неизвесноста околу преговорите.
02.12.2025
Корупциска афера во Украина: шефот на кабинетот на Зеленски си поднесе оставка
Моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе оставка откако беше вмешан во истрага за корупција. Андриј Јермак беше главен преговарач во мировните разговори, а неговата одлука доаѓа пред очекуваната посета на американска делегација во Киев во наредните денови.
28.11.2025
Тајни разговори откриваат како Виткоф ја советувал Русија за планот за Украина пред Трамп
Тајни разговори меѓу Виткоф и Ушаков откриваат клучни делови од мировниот план со 28 точки. Вашингтон бара Киев да прифати повлекување од делови на Донбас.
26.11.2025
Пазарењето на Трамп: Украина исчезнува, олигарсите на Путин си ги тријат рацете
Американскиот план за Украина отвора пат Русија економски да зајакне, а Европа да биде изместена од процесот што може да ја обликува безбедносната архитектура на целиот континент.
25.11.2025
Дискусиите на двете страни на Атлантикот се совпаѓаат со европските стравувања дека трансатлантскиот сојуз се распаѓа откако САД минатиот месец предложија мировен план од 28 точки изготвен со помош на Русија, кој би ја спречил Украина да се приклучи кон НАТО, би ја ограничил големината на нејзината војска и би отстапил територија на Москва.
Иако дискусиите оттогаш се прилично се прилагодени на украинските барања, европските лидери се обидуваат да осигурат дека рускиот претседател Владимир Путин нема да биде награден за неговата агресија.
Сепак, притисокот врз украинскиот лидер расте. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го изрази своето разочарување од начинот на кој Зеленски гледа на американскиот предлог за прекин на војната.
Мерц, Макрон, Зеленски, Стармер и полскиот премиер Доналд Туск во Киев, Украина, во мај
Bloomberg Mercury
„Ова е навистина клучен момент“, изјави вчера за „Скај њуз“ (Sky News) Пет Мекфаден, министер во кабинетот на Велика Британија. „Сите сакаат војната да заврши, но сакаме таа да заврши на начин што ќе ѝ даде на Украина слобода на избор во иднина. Тоа значи праведен крај на војната, но и безбедносни гаранции за Украина во иднина, а не целосно потчинета организација која не е во можност да одлучи за својата иднина.“
Пет Мекфаден
Bloomberg Mercury
Во текот на викендот Русија спроведе масовен напад врз украинската енергетска инфраструктура во која беа вклучени стотици беспилотни летала и повеќе од 50 ракети што ја прекинаа електричната енергија во Киев, Одеса и пет други региони. Украина соопшти дека ја погодила рафинеријата за нафта Рјазан на „Роснефт“ (Rosnjeft PJSC), на 193 километри југоисточно од Москва.
Европските поддржувачи на Украина се надеваа дека ако успеат да го поддржат Киев во текот на зимата, економските тешкотии на Русија ќе се интензивираат следната година, а Путин ќе ја изгуби својата преговарачка моќ.
Со намалувањето на американската помош, европските лидери работат на план за користење на средствата на руската централна банка, кои се замрзнати во Белгија, за финансирање на Украина. Белгискиот премиер Барт де Вевер се спротивстави на идејата, тврдејќи дека во таков случај Белгија би можела да биде одговорна доколку Русија поднесе тужба како одговор.
Bloomberg Mercury
Околу 210 милијарди евра руски средства се блокирани на територијата на ЕУ, главно во депозитарот за хартии од вредност со седиште во Брисел, „Еуроклиар“ (Euroclear). Лидерите на ЕУ имаат за цел да постигнат консензус за предлогот на состанокот во белгискиот главен град на 18 декември.
Стармер вчера разговараше и со холандскиот премиер Дик Шуф, согласувајќи се за „потребата од одржлива меѓународна поддршка за одбраната на Украина“, се вели во списите од телефонскиот разговор. „Лидерите повторија дека безбедноста на Украина е од витално значење за безбедноста на Европа“, се посочува во записникот.
Стармер се обиде да се позиционира како европски лидер најблизок до американскиот претседател Доналд Трамп, како и водечки сојузник на Украина. Тоа е незгодна ситуација со оглед на долгогодишните несогласувања меѓу американскиот и украинскиот лидер што се манифестираа во жестока расправија во Овалната соба во февруари годинава.
Во Вашингтон, Купер ќе ја пренесе поддршката на Велика Британија за „напорите на Трамп за обезбедување праведен и траен мир“, според соопштението од Министерството за надворешни работи. Но, теми на разговор со Рубио ќе бидат и ситуацијата во Газа, како и конфликтот во Судан, се вели во соопштението.