Американскиот специјален пратеник, Стив Виткоф патува во Москва на средба со претседателот Владимир Путин, кој тврди дека клучен украински град паднал под руска контрола во пресрет на разговорите за можен мировен план за крај на војната.
Путин рече дека руските сили го зазеле градот Покровск во источниот украински регион Доњецк, во видео-обраќање објавено доцна во понеделникот од Кремљ. Украина досега не го коментираше тврдењето, кое би претставувало најзначајно руско напредување на бојното поле во речиси две години.
Виткоф во денеска попладне треба да одржи разговори со Путин за најновите предлози за запирање на руската инвазија врз Украина, по преговорите меѓу американски и украински претставници во Флорида. Во услови на стравувања во Европа дека планот може да ја награди руската агресија со тоа што ќе го принуди Киев на неповолен договор, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека најновата верзија „изгледа подобро“ за време на неговата посета на Париз каде оствраува средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Прочитај повеќе
Рубио смета дека разговорите за Украина биле продуктивни, Виткоф заминува за Русија
Американските и украинските преговарачи рекоа дека имале продуктивни разговори за рамка за мировен договор, но засега нема разрешница иако претседателот Доналд Трамп продолжува да врши притисок за примирје со Русија.
30.11.2025
Тајни разговори откриваат како Виткоф ја советувал Русија за планот за Украина пред Трамп
Тајни разговори меѓу Виткоф и Ушаков откриваат клучни делови од мировниот план со 28 точки. Вашингтон бара Киев да прифати повлекување од делови на Донбас.
26.11.2025
Цената на нафтата мирува додека мировниот договор за Украина добива на интензитет
Стабилизацијата на цените на нафтата доаѓа во момент кога разговорите за Украина напредуваат, ОПЕК+ и другите производители ја зголемуваат понудата, а можно е и попуштање на санкциите.
26.11.2025
Пазарењето на Трамп: Украина исчезнува, олигарсите на Путин си ги тријат рацете
Американскиот план за Украина отвора пат Русија економски да зајакне, а Европа да биде изместена од процесот што може да ја обликува безбедносната архитектура на целиот континент.
25.11.2025
Крим, Луганск и Донецк руски, Украина надвор од НАТО - планот на Трамп ги исполнува главните барања на Москва
Мировниот план на Трамп е во голема полза на Москва, од Украина бара откажување од НАТО и признавање руска контрола врз окупираните територии.
21.11.2025
Путин сигнализираше подготвеност за разговори, велејќи минатата недела дека предлозите на Трамп за завршување на војната може да бидат „основа за идни договори“, додавајќи дека конечна верзија сè уште нема. Сепак, тој не покажал никакви знаци дека е подготвен да се откаже од руските барања.
Виткоф, кој ќе се сретне со Путин во Русија по шести пат годинава, го промовираше првичниот план од 28-точки што се појави минатиот месец и беше изработен заедно со претставникот на Кремељ, Кирил Дмитриев. Тие предлози ги шокираа претставниците во Украина и Европа, бидејќи ги содржеа руските услови за отстапки што Киев повеќепати ги одби.
Телефонски разговор на 14. октомври меѓу Виткоф и советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, покажува дека американскиот пратеник предложил заеднички да работат на план за завршување на војната во Украина, моделиран според мировниот договор на Трамп за Газа, покажа аудио-снимка што ја обезбеди и транскрибира „Блумберг“. Ушаков и Дмитриев зборувале за планот и на 29 октомври.
Заземањето на Покровск – одбранбен пункт што е во фокусот на жестоки борби повеќе од една година – потенцијално би го отворило патот Русија да ги загрози поголемите градови Словјанск и Краматорск. Тоа би ѝ донело и симболична победа на Москва, додека Путин продолжува да инсистира дека Украина мора да се откаже од целиот регион Доњецк како дел од договор за завршување на војната.
Bloomberg
Украина претходно призна дека руските трупи влегле во Покровск, но ги отфрли тврдењата на Москва дека украинските сили во градот биле опколени.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Русија и Украина да го запрат огнот долж постојните линии на фронтот како дел од мировната иницијатива. По средбата со Путин во Алјаска во август, Трамп во октомври се откажа од плановите за втора средба со рускиот лидер во Будимпешта, откако САД заклучија дека Москва не е подготвена за суштински отстапки од своите „црвени линии“ за крај на војната
Зеленски, кој во вторникот ја започна посетата на Ирска, повеќепати изјави дека е подготвен да прифати прекин на огнот.
Русија првпат се обиде да го заземе Покровск, поранешниот рударски центар, уште во јули 2024 година, а сега тој е речиси целосно уништен. Неочекуваната украинска контраофанзива во рускиот регион Курск следниот месец го намали притисокот, бидејќи Москва пренасочи сили да ја спречи инвазијата.
Откако Русија ги потисна украинските сили од Курск, со помош на севернокорејски војници пратени од Ким Јонг Ун да го поддржат Путин, Москва во летниот период ги обнови нападите врз Покровск.