Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече својот состанок на Алјаска со рускиот колега Владимир Путин продуктивен, но посочи дека патот за завршување на војната сè уште не е финализиран, додавајќи дека ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе му каже да склучи договор.
Во интервју за Шон Ханити од „Фокс њуз“ по самитот, Трамп рече дека по разговорот со Путин останале неколку спорни точки, иако предупреди дека двајцата не постигнале договор и го префрли фокусот на Зеленски, велејќи дека од него зависи крајот на војната.
„Има една или две прилично значајни точки, но мислам дека можат да се постигнат“, рече Трамп во интервјуто. „Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа. И би рекол дека европските нации мора малку да се вклучат, но сепак тоа зависи од претседателот Зеленски.“
Прочитај повеќе

Трамп и Путин се возеа сами со лимузина пред состанокот - ќе има ли крај на војната
Доналд Трамп и Владимир Путин се среќаваат во Алјаска, на средба што би можела да го одреди текот на војната во Украина, со учество на високи американски и руски претставници.
15.08.2025

Неделен преглед: Светот за Трамп и Путин, ние за „Тему“
Ви носиме преглед на настаните што ја обележија неделата
16.08.2025

Трамп и Путин во Алјаска - како се обликуваше нивната необична врска?
Претседателите на САД и Русија се среќаваат за првпат по седум години, а односот што го изградиле со текот на годините е невообичаено интимен.
15.08.2025

Комплименти од Путин, скромни очекувања од Трамп пред најважната средба во светот
Светот го очекува самитот Путин–Трамп, но економијата за Путин е поважна од мирот. Трамп без еуфорија, ја гледа Алјаска како место и за втора средба.
15.08.2025
На прашањето каков би бил неговиот совет до украинскиот лидер, Трамп одговори: „Постигнете договор, склучете го договорот.“
Коментарите на Трамп следат по долгоочекуваниот состанок што заврши како најдолга средба лице в лице меѓу рускиот и американскиот претседател. Но, и покрај нивниот продолжен разговор, ниту еден од лидерите не даде јасни детали за нивната дискусија, потег што може да ја засили вознемиреноста во европските престолнини и во Киев дека може да се случи евентуален договор што ќе го заобиколи нивниот придонес.
Трамп во интервјуто рече и дека сака да договори средба меѓу Путин и Зеленски.
„И двајцата ме сакаат таму, и јас ќе бидам таму. Мора да го довршат тоа. И тоа е голем ден. Мислам дека во секој случај тоа е голем ден. Но, ако го решиме ова, тоа е навистина голем ден бидејќи ќе спасиме многу животи“, рече тој.
Клучни точки
Интервјуто на Трамп го заокружи драматичниот ден кога американскиот претседател го пречека својот руски колега Путин на американска почва во обид да ја заврши војната на Русија против својот сосед. Стоејќи покрај Путин откако заврши средбата, Трамп ги нарече нивните дискусии „исклучително продуктивни“, но додаде: „Нема договор додека нема договор“.
„Имаше многу, многу точки за кои се согласивме - би рекол повеќето од нив – ама има и неколку големи точки за кои не сме комплетно согласни, но постигнавме одреден напредок“, рече Трамп, додавајќи дека ќе разговара за развојот на самитот во телефонски разговори со Зеленски и сојузниците во НАТО.
Путин прв зборуваше на прес конференцијата, оценувајќи ги разговорите како корисни и рече дека се одржале „во конструктивна атмосфера“. Тој зборуваше за неодредени договори со Трамп и посочи дека Украина е само едно од повеќето прашања што се дискутирале, посочувајќи на потенцијалот за зголемена трговска и деловна соработка, како и работа на Арктикот и истражувањето на вселената.
Трамп на конференцијата со Путин не прецизираше кои точки ги смета за потенцијално спорни, велејќи единствено дека „останале само неколку. Некои не се толку значајни; една е веројатно најзначајна“.
Тој и во интервјуто за Ханити подоцна повторно одби детално да објасни кои би можеле да бидат преостанатите спорни точки.
„Подобро да не зборувам. Претпоставувам дека некој ќе излезе јавно со тоа. Ќе се резбере“, рече Трамп.
Ова беше најдолгата средба од речиси три часа меѓу двајцата претседатели, надминувајќи го времетраењето на нивниот претходен состанок во Хелсинки во 2018 година.
Трамп претходно изјави дека ќе добие претстава дали Путин е сериозен во рок од две минути од нивната средба и дека би бил подготвен да „замине“ ако почувствува дека разговорите не одат добро. Значи, според таа метрика, состанокот ја надмина својата прва пречка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...