text size
Малиот Алекса во октомври ќе наполни една година. Тој е роден во главниот град на Србија, Белград, а неговите родители секоја зима одат на скијање на Копаоник. Дали Алекса ќе може да ужива во овој зимски деликатес како неговите родители е прашање на кое тешко може да се одговори. Ивана е родена во хрватскиот град Сплит. Додека расте, таа ќе биде сведок на сè повеќе топли денови и ноќи. За десет години температурата на морето може да се зголеми за неколку степени. Глобалното затоплување моментално е еден од најголемите предизвици на човештвото, а регионот Адрија се загрева многу повеќе и побрзо од просекот на остатокот од светот. Тоа има своја цена, а таа не е мала. Сите ќе платиме за тоа. И Алекса и Ивана и нивните неродени браќа и сестри. Економските штети и досега се исклучително високи.