text size
Големи беа очекувањата на аукцијата на која во април годинава беа понудени еден пар патики на Мајкл Џордан, за кои аукциската куќа „Сотби“ процени дека ќе ги продаде по цена од два до четири милиони долари. Анонимен купувач однапред се согласил да плати претходно договорена цена за носените патики „ер џордан“ (станува збор за „неотповиклив понудувач“ според аукцискиот јазик). Единственото прашање беше колку луѓе ќе се обидат да ја победат таа цена. Се покажа дека одговорот е нула.