text size
Новиот германски канцелар Фридрих Мерц и многу премиери низ Европа би биле многу среќни деновиве да чујат совети од креаторот на државните пензии засновани на систем на задолжително осигурување во кој работниците и работодавците уплаќаат во пензиски фонд. Ото фон Бизмарк не е достапен, но логиката што ја следеше кога како железен канцелар на Германија воведе структуриран пензиски систем во 1889 година, се чини дека ги „подучува“ неговите наследници во канцеларската фотелја, и тоа не само во Берлин.