text size
Нашите технолошки титани постојано ни повторуваат дека вештачката интелигенција е најнапредната технологија во историјата на човештвото. Извршниот директор на „Гугл“ (Google), Сундар Пичаи, отиде дотаму што нејзиното појавување го опиша како „позначајно“ од откривањето на огнот или пронаоѓањето на електричната енергија. За да не заостане зад него, американскиот бизнисмен Марк Андрисен изјави дека ВИ е „веројатно најреволуционерната технологија во историјата на човечкиот род“.