text size
Расте увереноста дека раната доба на вештачката интелигенција (ВИ) значи дека конечно доаѓаат хуманоидни роботи. „Хуманоидните роботи со децении се застапени во популарната култура. Се разбира, сега научниците сакаат да го направат тоа реалност“, вели Шахин Фаршчи, партнер во „Лукс капитал“ (Lux Capital), фирма за ризичен капитал фокусирана на нови технологии. „Со секоја технолошка револуција доаѓа уште еден обид да се доближиме до роботот Рози“, додава тој, мислејќи на помошничката во култната анимирана футуристичка серија „Џетсонови“ (The Jetsons).