text size
Во јануари 2015 година новоформираниот (и помпезно именуван) Институт за иднината на животот (анг. Future of Life Institute - FLI) ги покани експертите за вештачка интелигенција (ВИ) да поминат продолжен викенд во Сан Хуан, Порторико, каде што требаше да креираат план за развој за таа област. Тонот на објавениот документ беше главно оптимистички. Во отвореното писмо се признава дека е тешко да се предвиди точно какво би можело да биде влијанието на ВИ, наведувајќи дека развојот може да има некои проблематични последици, но како можен исход се споменува и искоренување на болестите и сиромаштијата.