Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ (Gazprom) денеска соопшти дека транспортот на гас за Италија преку Австрија ќе продолжи, по прекинот што трае од саботата.
Gazprom објави дека „заедно со своите италијански клиенти“ успеал да најде решение за протокот на гас во услови на регулаторни промени што беа воведени во Австрија кон крајот на септември.
Во соопштението на руската компанија се наведува дека австрискиот оператор покажал подготвеност да дозволи транзит за Gazprom Export и со тоа да овозможи продолжување на испораката на руски гас преку Австрија.
Италијанската нафтена компанија „Ени“ (Eni) во саботата соопшти дека го информирала Gazprom дека не може да ги потврди бараните количини на гас за тој ден, наведувајќи дека не е воможно да ја снабдува Италија со гас преку Австрија.
Портпаролот на Eni посочи дека изгледа оти Австрија го добива својот гас од Gazprom.
„Со Gazprom работиме на тоа да провериме дали е можно повторно да се активираат тековите кон Италија“, нагласи портпаролот во саботата.