text size
Електричните автомобили одамна веќе не се помодарство, туку многу повеќе од тоа - стил на живот, начин на размислување, напредно размислување, грижа за околината. И Македонија, иако срамежливо, сепак го прифаќа тој тренд. Според информациите до кои стигна редакцијата на „Блумберг Адрија“ во Скопје, во земјава во моментов се возат околу 150 такви автомобили. Во овој текст сепак ја имаме приказната од сопствениците на возило од марката „тесла“. Добивме податоци колку такви возила се увезени во последниот период, но и каква приказна развиле сите што имаат ваков вид автомобил овде. Искуствата се навистина интересни.