Германската фабрика на „Тесла“ (Tesla Inc.) ќе произведува повеќе електрични возила од претходно планираното поради „многу добри бројки за продажба“, изјави менаџерот на фабриката Андре Тириг за германската новинска агенција ДПА (DPA).
„Фабриката во близина на Берлин ги ревидираше нашите планови за производство нагоре за третиот и четвртиот квартал“, рече Тириг, додавајќи дека фабриката на „Тесла“ и натаму очекува позитивни сигнали за сите пазари што ги снабдува. Тој не даде детали за новите производствени цели.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе

Гастрономско тест-возење низ првиот „Тесла дајнер“ во Лос Анџелес
Првиот „Тесла дајнер“ во Лос Анџелес стана атракција, со редици од обожаватели и гурмани во потрага по ново искуство.
19.08.2025

Илон Маск најави уште тешки квартали за „Тесла“
Приходите на „Тесла“ беа за 12 проценти пониски во вториот квартал во споредба со истиот квартал од претходната година.
24.07.2025

Ќе победи ли пристапот на „Тесла“ во трката за роботакси
Невообичаено тивкото лансирање на роботаксито од страна на „Тесла“ предизвика загриженост кај некои, вклучувајќи ја и Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата.
08.07.2025
Оптимистичките коментари се во спротивност со неодамнешните бројки за продажба. Регистрациите на нови возила на „Тесла“ минатиот месец во Германија се намалија за 39 проценти, а во периодот од јануари до август годинава паднаа за 56 отсто. Производителот на автомобили предводен од Илон Маск, објави голем пад на продажбата во август и во Франција, Белгија, Данска и Шведска. Норвешка е исклучок, каде регистрациите се зголемиле за 21 отсто минатиот месец и за 26 проценти од почетокот на годината.
За падот на продажбата Маск и други врвни раководители гледаат вина во новиот дизајн на „Model Y“, нивното најпродавано возило, што привремено го наруши производството. Тоа возило се произведува токму во фабриката „Грунхајде“ (Grünheide) во близина на Берлин.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...