Дворец на француската ривиера стар еден век, кој беше во сопственост на рускиот олигарх Борис Березовски по неколку години правни битки конечно се најде на продажба. Таа би можела да донесе повеќе од 100 милиони долари.
Француската агенција за запленети и конфискувани имоти позната како „Агаск“ (Agask), го продава дворецот „de la Garupe na Cap d'Antibes“. Потенцијалните купувачи ќе имаат можност да го разгледааат имотот во септември, а рокот за конечни понуди е до 6 октомври.
Имотот се наоѓа на една од најекслузивните дестинации за богатите и познати во земјата. Тој беше во сопственост на Березовски, кој почина пред една деценија во Велика Британија и беше познат како жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Продажбата доаѓа по долгогодишните правни битки околу сопственоста во Франција со доверителите на Березовски, вклучително и милијардерот Роман Абрамович и руската авиокомпанија „Аерофлот ПЈСЦ“. Имотот беше запленет од француската држава во 2015 година како дел од посебна тужба за перење на пари.
Березовски, еден од првите и најпознати руски олигарси, го купи имотот во 90-те години од минатиот век со што го отвори патот на неговите богати сонародници да вложуваат во истата област. По одлуката на Путин да ја нападне Украина, луксузните имоти во сопственост на Руси се најдоа под глобална лупа.
Широк поглед
Лоциран на полуостров источно од Кан со прекрасен поглед на Средоземното Море и јужните француски Алпи, имотот бил изграден во 1907 година од британскиот парламентарец Чарлс Мек, кој исто така ја носел титулата барон Аберконвеј. Дворецот останал во сопственост на неговото семејство додека не го купил рускиот милијардер.
За време на судската постапка во Франција во 2011 година, тој беше проценет на 93,6 милиони евра (102 милиони долари). Весникот „Nice-Matin“ во понеделникот објави проценка од речиси 120 милиони евра.
Со директен пристап до морето, дворецот свртен кон југ има базен, тениско игралиште, џакузи, фонтани и градини. Главната вила е приближно 1.300 квадратни метри со соби за цртање, музика и билијард, конзерваториум и шест апартмани за гости. Земјиштето зафаќа 10 хектари и вклучува пет станбени единици „од кои некои се во лоша состојба“, стои во продажниот документ.
Парискиот нотар „Cheuvreux“ се занимава со продажбата во име на француската влада. Крајниот рок за поднесување на првичните понуди беше 17 јуни и само избраните ќе бидат поканети да го разгледаат имотот од „Bluebird Immobilier“. Претставниците на „Cheuvreux“ и „Bluebird“ не беа достапни за коментар. Во документот се наведува дека потпишале договори за доверливост.