Високите температури, шумските пожари и предупредувањата за грмотевици го одбележаа вчерашниот ден во Европа додека екстремните временски услови што ги донесе летниот период добија на интезитет.
Италија е особено погодена, а земјата се подготвува за рекорден топлотен бран следната недела. Температурите може да надминат 40 степени Целзиусови во Рим и Тоскана, а се очекува рекорд од 46 степени во Сицилија, според „Ил Метео“.
Во Шпанија, шумски пожар на островот Ла Палма предизвика евакуација на најмалку 500 луѓе, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на властите. Поблиску до главниот град, термометарот во Мадрид се предвидува денеска да достигне 35 степени Целзиусови, според „Максар Технолоџис“ (Maxar Technologies).
Прочитај повеќе
Кои економски сектори губат најмногу од топлотните бранови?
Денеска температурите во јужните делови на Македонија ќе надминат 40 степени
14.07.2023
Најран топлотен бран во Шпанија, глобалното затоплување се заканува
Термометрите се искачуваат над 30 степени, а во некои региони се предвидува дека ќе достигнат 40 степени.
24.04.2023
Екстремно време и во Македонија
Подрачјето на Македонија во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минатиот месец беше регистриран како најтоплиот јуни во историјата, а топлото време стана закана за животот на населението, ги оптовари електричните мрежи и предизвика појава на шумски пожари. Нема знаци за намалување на температурите во текот јули, а следниот топлотен бран од Северна Африка, наречен Харон, ќе ги зголеми температурите уште повеќе во делови од Италија.
Минатата година, околу 18.000 луѓе починале поради екстремни горештини во Италија, што е највисока бројка во Европа, според Институтот за глобално здравје во Барселона.
Климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата на екстремни временски услови низ северната хемисфера, нагласувајќи ја зголемената итност да се намалат емисиите на стакленички гасови, според Светската метеоролошка организација.
Во Германија, во источните и јужните региони се очекуваат температури до 38 степени Целзиусови, објави „Дојчер Ветердинст“ (Deutscher Wetterdienst). Министерството за животна средина на покраината Бранденбург ги подигна предупредувањата за ризик од шумски пожар на „многу висока опасност“. Во исто време, веројатни се силни грмотевици во текот на денот и до вечерта низ целата земја. Синоптичарите предупредија на појава на пороен дожд, како можна појава на град и силен ветер, особено во текот на ноќта.
Сепак, не секаде се чувствуваше топлина. Во Обединетото Кралство, организаторите на Вимблдон ја затворија линијата за билети за тенискиот турнир поради предупредувањата силен ветер и дожд.
Со помош на Владимир Николоски