Италијанската најава за воведување нов данок на дополнителната добивка на банките на краток рок ги бранува акциите на банкарскиот сектор, но банките и понатаму ќе остваруваат високи стапки на профит. Михаел Блажековиќ, аналитичар на пазари во „Блумберг Адрија“, анализира колку се капитализирани самите банки и дали ќе почувствуваат пад на приходите по најавените нови даноци.
Охрабрени од растот на референтните каматни стапки на Европската централна банка (ЕЦБ), европските банки имаат моќна алатка да ги пласираат своите средства без ризик со нето-профитна маржа повисока отколку што беа навикнати кога трошоците за пласирање пари кај ЕЦБ беа дури и негативни. Исто така растот на каматните стапки на депозитите не следува по растот на каматните стапки по кои комерцијалните банки ги инвестираат истите овие средства. Дополнително, континуираното изобилство на ликвидност во системот им овозможува на банките да не ги зголемуваат значително каматните стапки на депозитите од граѓаните и компаниите.
Сето тоа најдобро се гледа по перформансите на акциите на „Уникредит“ (UniCredit), чија цена за една година е повеќе од двојно зголемена поради десеттиот квартал по ред во кој се подобри профитабилноста на компанијата. Освен претходно наведените причини, има уште неколку објаснувања за ваквиот раст на цената на акцијата. Едно од нив секако е доаѓањето на Андреа Орцел за претседател на управниот одбор, кој го започна процесот на реструктурирање и намалување на трошоците со намалување на бројот на вработени за 11 отсто. Од друга страна, започна силен откуп на акции и исплата на дивиденди, а само во следните две години од околу 13 милијарди евра, што е над 30 отсто од сегашната пазарна капитализација на компанијата со цел да се врати довербата на инвеститорите.
Прочитај повеќе
Мелони: Новиот данок е резултат на лошото постапување на италијанските банки
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поддржа одлуката на нејзината влада да донесе данок за 40 отсто на екстра-профитот на банките.
10.08.2023
Италија појасни дека новиот данок нема да надмине 0,1 отсто од активата на банката
Појаснувањето дојде еден ден откако италијанската влада ги шокира пазарите со неочекуван данок и ги намали акциите на банките.
09.08.2023
Фед ја засилува контролата над банките поврзани со крипто
Фед објави дека ја зајакнува контролата на учеството на заемодавците во секторот на дигитални средства.
09.08.2023
Хрватските банки незаконски наплатувале провизии, следуваат тужби?
Здружението „Франак“ оценува дека банките им должат на потрошувачите неколку десетици милиони евра незаконски наплатени излезни такси.
08.08.2023
Италија воведува данок за екстра-профит на банките
Новата давачка е дел од големиот пакет мерки што, покрај банките, ги опфаќа и преостанатите сектори.
08.08.2023
Еуриборот стигнува до четири отсто, каде е врвот на нашите камати?
Оваа шестмесечна стапка е значајна и за каматите во Македонија, особено за кредитите што имаат променливи каматни стапки.
01.08.2023
Ваквите износи се овозможени поради удобната ситуација поврзана со нето-профитните маржи, како и силниот показател за адекватноста на капиталот CET1, кој е двојно поголем од потребното. Дивидендниот принос е нешто помал во споредба со другите споредливи европски банки, но тие немаат толку силен откуп на акции, освен „Интеса Санпаоло“ (Intesa Sanpaolo).
Послабите перформанси на другите набљудувани банки годинава произлегуваат од различни причини. Што се однесува до „Ерсте банка“ (Erste Bank Grup), може да се забележи ист раст на профитабилноста, но ниската ликвидност на австрискиот пазар и пониското слободно движење во споредба со италијанските банки не дозволуваат значителен раст на акциите како кај „Уникредит“. „Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank), од друга страна, има големи проблеми со решавањето на големата зависност од руската подружница, од каде што моментално размислуваат за излез, но без конкретни планови, што инвеститорите го казнија, особено по предупредувањето на ЕЦБ за почеток на раздвојување на рускиот дел од бизнисот.
Најавата на италијанската влада за воведување данок на дополнителната добивка на комерцијалните банки ги загрижи пазарите на капитал и значително ја намали пазарната капитализација на краток рок. Сепак, според првите процени на аналитичарите, овој удар нема да биде силен, со оглед на тоа што за една година се очекува наплата на данок од две милијарди евра. Исто така самите банки се добро капитализирани, што се гледа од стапките на редовниот основен капитал. Друга причина зошто банките се во добра позиција е рекордно ниското учество на нефункционалните кредити во вкупните кредити, од само 2-3 отсто, во зависност од банката.
Иако се ближи крајот на зголемувањето на референтните каматни стапки, односно блиску сме до терминалната стапка и има постепено зголемување на каматните стапки на депозитите, банките и во наредниот период ќе продолжат да остваруваат високи стапки на профитабилност, имајќи многу добрата нето-профитна маржа. Ако гледаме низ очите на инвеститорите, „Рајфајзен банка“ е во најголема неволја. Од Белорусија и Русија во 2023 година се очекуваат дури 25 отсто од нето-приходите од камати и 47 отсто од нето-приходите од надоместоците во однос на вкупниот нето-приход на целата групација „Рајфајзен“. Всушност, депресивно вреднување од само 0,3x цена во однос на книговодствената вредност и 1,4x во однос на заработката со солиден дивиденден принос може да биде добра мамка за инвестирање во наредниот период доколку се решат проблемите со деинвестирањето на руската подружница.
Гледајќи генерално, доколку банките продолжат со практиката на добри, понекогаш дури и силни откупи на акции и исплата на дивиденди, може да се очекува понатамошен пораст на цените на акциите поради очекувањата за добри приноси на капиталот на инвеститорите.