Индија стана првата земја што слета со вселенско летало во близината на јужниот пол на Месечината, откако рускиот обид за слетување во истата област неодамна заврши неуспешно, по дефектот на моторот.
„Чандрајан-3“ (Chandrayaan-3), индиското вселенско летало што беше лансирано минатиот месец, оствари меко слетување во 18.04 часот по локално време во средата, откако руската „Луна-25“ се урна на Месечината во неделата. Роверот наречен „Прагјан“ (Pragyan), или мудрост, сега ќе треба да го анализира хемискиот состав на површината на Месечината и ќе бара вода во текот на еден лунарен ден, што е еквивалентно на 14 дена на Земјата.
Со овој подвиг Индија стана втората земја, покрај Кина, што ќе има оперативен ровер на Месечината.
Прочитај повеќе
Кина на Месечината ќе гради база на нуклерана енергија
Кина планира да ја изгради својата прва база на Месечината до 2028 година.
26.11.2022
Кина најави повеќе мисии на Месечината откако пронајде нов минерал
Кина планира да лансира три мисии без екипаж на Месечината во следните 10 години.
12.09.2022
НАСА вторпат го откажа лансирањето ракета кон Месечината
Одбројувањето беше запрено поради истекувањето на гориво
04.09.2022
Студенти ќе испратат робот на Месечината пред НАСА
Со комерцијален вселенски лет во мај, ровер по име „Ирис“ ќе биде испратен на површината на Месечината.
12.05.2023
Успешното слетување го зајакнува престижот на Индија во глобалната вселенска трка, откако земјата претрпе неуспешна мисија на Месечината во 2019 година. Премиерот Нарендра Моди сака да го зајакне местото на државата меѓу конкурентските земји за вселенски истражувања, а во јуни Индија ја потпиша „Артемис акордс“, иницијатива поддржана од САД со повеќе од дваесет други земји за управување со заеднички мисии и цивилно истражување на вселената.
Мразот присутен на неистражениот јужен пол на Месечината го поттикна интересот на земјите што ја истражуваат вселената, вклучувајќи ги САД и Кина. Тоа би можело да биде клучен ресурс за пиење, дишење и реален поттик за унапредување на човечкото истражување на вселената подлабоко во Сончевиот Систем.