Треската предизвикана од Тејлор Свифт, Бијонсе и филмското дуо „Барбенхајмер“ ѝ даваат сериозен поттик на американската економија.
Турнеите на мегаѕвездите и блокбастер филмовите се очекува да додадат до 8,5 милијарди долари на американскиот раст во третиот квартал, според „Блумберг економикс“. Околу 50-те американски концерти што пејачките ги закажаа би можеле да додадат 5,4 милијарди долари на бруто домашниот производ, додека филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ се предвидува да додадат околу 3,1 милијарди долари од потрошувачите и од меѓународната продажба на билети.
Вкупно, тоа ќе ги зголеми годишните реални трошоци за лична потрошувачка и БДП за 0,7 и 0,5 процентни поени, соодветно, во периодот од јули до септември, напишаа економистите Ана Вонг и Елиза Вингер во белешка во средата. Економистите речиси ја удвоија својата прогноза за раст во периодот јули-септември, делумно како резултат на добивките од потрошувачката.
Прочитај повеќе
Феноменот Барбенхајмер им донесе на кината најголема заработка по 4 години
Повеќе од 200.000 гледачи купиле билети за проекции на двата филма во ист ден.
24.07.2023
Брилијантната Барби - изненадувачки интелектуален филм
Барби очигледно не е наменета за најмалите деца, оние што „Мател“ веројатно ги смета за своја целна група
27.07.2023
Барбиманија и во Скопје: Распродадени билетите за премиерата
На утрешната премиера, „Барби“ ќе се емитува во десет сали во различни термини.
19.07.2023
Светот на Барби повторно ги диктира модните трендови
Денес постојат кукли Барби во девет различни телесни типови и со 35 бои на кожата, а пред извесен период се претставени и трансродова и Барби со Даунов синдром.
19.07.2023
„Барби“ и „Опенхајмер“ како најпопуларна двојка за ова лето
„Барбенхајмер“ не е само мемe.
12.07.2023
Проекциите дополнително одат во прилот на економијата која зајакна во последните месеци. Инфлацијата се намалува, а пазарот на трудот останува цврст, што помага да се поттикне потрошувачката. Тоа наведе некои економисти да ги одложат своите прогнози за рецесија, додека други целосно ги поништија.
Сепак, тимот на „Блумберг“ тврди дека поттикот што го даваат филмовите и турнеите е краткотраен. Тие истакнуваат дека ниту Бијонсе ниту Свифт не најавиле дека ќе излезат на сцена во САД во последните три месеци од годината, а го опишаа „Барбенхајмер“ како феномен кој многу ретко се случува. Покрај тоа, економијата е сè уште ранлива на пад на побарувачката, а пазарот за домување е под притисок од ниската понуда и зголемените стапки на хипотеките.
„Голем дел од таа сила доаѓа од привремени фактори“, напишаа тие. „Овие фактори создаваат фатаморгана на еластична потрошувачка, кога всушност снемува пареа“.
Економистите ја разгледаа само продажбата на билети за „Барби“ и „Опенхајмер“ до средата и не ги вклучија ефектите од нето-извозот од четирите концерти што Свифт ги изведува во Мексико Сити.