text size
Македонските граѓани не можат да се соземат од наодите на надлежните институции за убиствата на малолетничката Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски, според кои криминална група заради користољубие ги лишила од животот двете лица. Првичните искази на убијците дека за долг од петстотини евра го убиле Жежовски и дека ја убиле Вања за потоа да изнудат пари од мајка и‘, не можат да се најдат ниту во најбизарните филмски сценарија. Се покажа дека криминалците во Македонија се подготвени на се‘ и дека човечкиот живот и уште поважно животот на едно дете не вредат многу.