Еврозоната нема да ја избегне првата рецесија по пандемијата, со оглед на тоа што нејзината економија се намалува втор квартал по ред во последните три месеци од годината, според анкетата на аналитичарите на „Блумберг“. Сега се предвидува контракција од 0,1 процент меѓу септември и декември споредено со проекцијата од претходната анкета во која се очекуваше производството да остане непроменето. Ова е лоша вест за Македонија со оглед на тоа ЕУ е нашиот најголем трговски партнер.
Добро утро, подолу петте вести што ги издвоивме за почеток на денот.
Оваа година беше најтопла досега, може ли да биде уште полошо?
Лани на денешен ден завршил последниот топлотен бран за 2022 година. Според месечните извештаи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), есенскиот топлотен бран траел од 7 до 12 декември. Највисоката температура во декември лани била измерена во Битола, изнесувала 22 степени. Најниската температура била измерена во Берово на 22 декември и изнесувала-7,5 степени.
Според мерењата и набљудувањата на УХМР, ланскиот декември се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив месец. „Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната декемвриска температура беше за 3,4 степени целзиусови повисока од просечната на ниво на држава. Најниските минимални температури на сите метеоролошки станици беа над 10 степени над апсолутните минимални температури“, стои во извештајот на УХМР.
ФЕД се соочува со ново големо прашање: Зошто да се намалат стапките
Најважното прашање со кое се соочуваат економијата и финансиските пазари следната година не е дали Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки. Еве зошто. Со драматично паѓање на инфлацијата од повеќедецениските максимални нивоа, намалувањата на стапките во 2024 година изгледаат сè поверојатно.
Откако политиката остана стабилна по последните состаноци, оваа недела се очекува претседателот на ФЕД, Џером Пауел и неговите колеги да прогнозираат намалување на стапките во 2024 година – иако веројатно тоа нема да биде ни приближно колку што очекуваат инвеститорите и економистите. Ако централната банка ги намали стапките во тандем со забавената инфлација, ова е добра вест за економијата и инвеститорите.
Какви се новите правила на ЕУ за вештачката интелигенција?
Европската унија постигна прелиминарен договор што ќе го ограничи начинот на кој може да функционира напредниот модел ЧетГПТ (ChatGPT), во она што се смета за клучен дел од првата сеопфатна регулатива за вештачка интелигенција во светот. Сите развивачи на системи со вештачка интелигенција за општа намена - моќни модели кои имаат широк опсег на можни употреби - мора да ги исполнат основните барања за транспарентност, освен ако не се бесплатни и со отворен код, според документ на ЕУ што го видел „Блумберг“.
Моделите за кои се смета дека претставуваат „системски ризик“ ќе бидат предмет на дополнителни правила, според документот. ЕУ ќе го утврди тој ризик врз основа на количината на компјутерска моќ што се користи за обука на моделот. Прагот е поставен на оние модели кои користат повеќе од 10 трилиони трилиони (или септилиони) операции во секунда.
Дали криптопазарот е на почетокот на нов бум?
Пазарот на криптовалутите почнува да расте, покажува најновото пазарно истражување на водечката и најпопуларна светска берза за криптовалути „Бајненс“. Неодамнешниот извештај од „Бајненс рисрч“ (Binance Research) открива извонредно зголемување на вкупната пазарна капитализација на криптовалутите, која е зголемена за приближно 110 проценти од почетокот на годината, додавајќи над 870 милијарди долари капитал.
Ова е забележителен пораст од 55 отсто, што изнесува 596 милијарди долари само во четвртиот квартал. Овој раст следува по периодот на стагнација и врвот во 2021 година, што означува потенцијална промена во динамиката на пазарот. Стабилните валути (англ. stablecoins) и незаменливите токени (NFT) го поттикнуваат обновувањето на криптопазарот.
Нафтата поскапува откако цената паѓаше најмногу по 2018 година
Нафтата порасна по најдолгата неделна серија на пад на цената во последните пет години. Растот го поттикнаа знаците дека понудата почнува да „трча“ пред побарувачката, односно се зголемува значително повеќе. Глобалниот репер, нафтата од типот брент се тргуваше над 76 долари за барел откако бележеше пад дури седум недели по ред, додека ВТИ (вест тексас интермедиејт) беше близу 72 долара.
На цената влијаеше и податокот за работните места во САД од крајот на минатата недела, кој покажа дека има подобри резултати од очекуваните, но и плановите за повторно полнење на стратегиските нафтени резерви, со што се помогна суровата нафта да ја прекине шестдневната серија на загуби во петокот.