Државата конечно призна дека загадувањето во Скопје ги надмина дозволените граници и даде препораки кои треба да ги почитуваат работодавците, општините, државните институции.
Највисоки концентрации на ПМ 10 честички (над прагот од 150 mg/m3) биле измерени на 25 и 26 декември во Лисиче и кај Ректорат.
Добро утро, еве што друго е важно да знаете денеска
Какви се изгледите за пазарите на капитал в година?
Оваа 2023 година беше одлична за берзите – ја обележи раст што се изразува со две цифри, а беа постигнати и највисоки вредности досега. „И покрај новите конфликти што се појавија, има повеќе причини што се заслужни за поволните движења на пазарите на капитал“, вели Андријана Поповска, портфолио-менаџерка во „ВВП фонд менаџмент“.
Аналитичарите за „Блумберг Адрија“ велат дека и за следната 2024 година има позитивни знаци на хоризонтот. Оптимизмот уште повеќе се шири по сигналите што ги испраќаат централните банки, според кои се гледа крајот на монетарното затегнување.
На Македонската берза ѝ треба инјекција во 2024 година
Македонската берза веќе подолг период е анемична, а меѓу главните пречки за поголемо раздвижување се недостигот од нови компании и ниската ликвидност на акциите. Воведувањето на данокот на капитални добивки од 2023 година само дополнително го намали интересот на инвеститорите за инвестирање на берзата. Анализиравме кои се клучните проблеми на пазарот на капитал и која е формулата за подобри резултати во 2024 година.
Филип Петрушевски, извршен менаџер во „Инвестброкер“, вели дека иако индексот МБИ10 во 2023 година се зголеми за 7-8 проценти, прометот на Македонската берза бележи сериозен пад од приближно 50 проценти во однос на претходната година поради повеќе причини.
Седум работи во Рим што се бесплатни или чинат помалку од 10 евра
Ако одамна посакувате да го посетите Вечниот Град, тоа дефинитивно треба да го направите сега. Во овој период од годината метежот пред туристичките локации е значително помал, за разлика од март до ноември, а и цените за сместување се поприфатливи.
Во Рим нема да потрошите многу ниту на превоз. Сите главни атракции се релативно блиску, па најдобро ќе го истражите градот ако пешачите. Освен удобни обувки, понесете и шише за вода, кое ќе можете секаде да го дополните. Водата од чешма е безбедна за пиење, а тоа од старт ќе ви заштеди десетици евра.
„Визер“ привремено ги укинува линиите од Скопје до Луксембург и Болоња
Авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air) од средината на јануари привремено ќе ги укине летовите Скопје – Луксембург и Скопје – Болоња, како дел од намалувањето на капацитетот на својата мрежа поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney), објави специјализираниот веб-сајт „Екс-ју авијација“.
Се намалува и бројот на неделните летови од Охрид до Виена, од првично планираните четири на три лета. Покрај двете авиолинии од Скопје, ќе биде укинат и летот Ниш – Дортмунд. Укинувањето на линиите ќе влијае на фреквенцијата на летови на аеродромите во Скопје, Белград, Ниш, Охрид и во Приштина.
Биткоинот колеблив додека трговците го разгледуваат влијанието на ЕТФ
Биткоинот ослабе бидејќи трговците проценуваат како би можеле да реагираат криптопазарите доколку регулаторите ги исполнат очекувањата со одобрување на првиот американски фонд со кој се тргува преку берза (ЕТФ), што инвестира директно во токенот.
Највредното дигитално средство падна за 2,3 отсто во изминатите два дена и во средата, во 6.36 часот, во Лондон се тргуваше за 42.530 долари. Биткоинот порасна за 157 проценти годинава, делумно поттикнат од облозите дека ЕТФ ќе поттикнат нова побарувачка.