Со помош на вештачката интелигенција, војската на САД ќе се заштитува од сајбер-напади. Компанијата “Опен еј-ај“ преку апликацијата ЧетГПТ ќе развива алатка за сајбер-безбедност. Очигледно како резултат на новите технолошки напредоци, вештачката интелигенција започнува да зазема сè поголем дел од секојдневниот живот.
Добро утро, ова се петте вести што се важни за почеток на денот.
Технологии што ќе ја обележат 2024-та во светот и во Македонија
Годинава постои потенцијал низа технолошки иновации што моментално се во различни фази на развој да се дополнат една со друга и да создадат дигитална, материјална и социјална реалност каква што не сме виделе. Несомнено, сврзувачко ткиво на ваквите технологии што доаѓаат ќе биде вештачката интелигенција (ВИ), која својот голем пробив го имаше во 2023 година.
Покрај развојот на новата технологија, во текот на годината од големо значење ќе биде и начинот на кој таа се применува, но и колку брзо ќе биде прифатена од страна на крајните корисници во светот. Слободно може да се каже дека во однос на технологијата, 2024-та ќе биде сè само не здодевна година.
За заработка на курсот евро/долар ќе ви треба повеќе среќа од памет
Главниот фактор што ќе влијае на движењето на курсот секако ќе биде монетарната политика, односно одлуките на Федералните резерви на САД (Фед) и на Европската централна банка (ЕЦБ) во борбата против инфлацијата, но има безброј други фактори што можат да ја нарушат деликатната валутна рамнотежа.
Анализата за 2023 година покажува дека парот евро/долар забележа поголема волатилност, а веќе во втората половина од годината американскиот долар ја зголеми вредноста во однос на еврото. Впрочем, однесувањето на парот евро/долар е еден вид показател на компаративната состојба на економиите на Соединетите Американски Држави и еврозоната.
Лагард: ЕЦБ најверојатно ќе ги намали стапките во текот на летото
Пред почетокот на таканаречениот тивок период што им претходи на состаноците за монетарната политика на ЕЦБ, претседателката Кристин Лагард им се придружува на многу свои колеги во обидот да ги намалат очекувањата за неизбежно олабавување. Лагард вели дека на службените лица им требаат повеќе докази пред да бидат сигурни дека потрошувачките цени се под контрола.
Пазарите на пари одговорија на нејзините коментари во средата, споредувајќи го обемот на намалувањата што се очекуваат од ЕЦБ годинава. Тие сега гледаат 140 базични поени до крајот на годината, што е еквивалентно на пет намалувања од четвртина поени, 60 отсто од нив очекуваат годинава да има шест одлуки за намалување на стапките.
Фед нема да ги намали стапките во март, без разлика што вели историјата
Банката на федерални резерви најчесто ги намалуваше каматните стапки околу шест месеци по последното зголемување, според податоците собрани од „Блумберг“, кои датираат од 1980-тите. Со оглед на тоа што од официјалните лица исто така се очекува да направат пауза во јануари, ова ќе биде една од најдолгите епизоди на високи каматни стапки.
Ваквите историски случувања, заедно со забавувањето на инфлацијата, можеби им даваат преголем оптимизам на инвеститорите, велат аналитичарите на банката „Сосиете женерал“ (Societe Generale SA). Излегува дека ова би можело да биде вистина, бидејќи обврзниците го забележаа најголемиот пад во последните два месеца.
Сем Алтман и Бил Гејтс го кажаа својот став за влијанието на ВИ врз изборите
Ова е голема година за демократијата. Речиси половина од светското население ќе гласа на национални избори во 2024-та. Последниот пат кога многу од овие земји излегоа на гласање немаше ЧетГПТ (ChatGPT). Овие две теми постојано се споменуваат на панелите и настаните на Светскиот економски форум што неделава се одржува во Давос, Швајцарија. Често се поставуваат прашања за тоа како едното ќе влијае на другото.
Некои од лидерите во областа на вештачката интелигенција во вторникот зборуваа во просториите на „Блумберг“ во Давос. Сите рекоа дека сериозно ја сфаќаат заканата што ја претставува вештачката интелигенција за изборите, но не се согласуваат околу веројатноста тие закани да се реализираат.