Денеска (5 март) треба да почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Македонија и Албанија. Тоа значи дека секој што има работна дозвола во Албанија или Македонија ќе може да работи во Србија и обратно. Прашање е колку тоа ќе го размрда пазарот на трудот со оглед на тоа што работниците од трите земји одамна бегаат на Запад.
И пред членството, Македонија може да добие прекугранични инстант плаќања во евра
Трансфер на пари во друга држава за десет секунди, во кое било време од денот, без разлика дали банките работат или не и тоа без повисоки трошоци. Ова е една од придобивките на СЕПА (од англиски: single euro payments area) – единствената област за плаќање во евра. Минатата недела членките на Европската унија конечно ја одобрија регулативата за ваквите инстант плаќања.
Овие плаќања се многу побрзи од вообичаените и придонесуваат за подобрување на автономијата на европскиот економски и финансиски сектор преку намалување на зависноста од финансиските институции и инфраструктури во трети земји. Воведувањето на инстант плаќања е дел од регулативата која се однесува на Унијата на пазари на капитал.
Осум причини да го поминете следниот одмор на езеро
Доцна е за планина, а рано за море? Имаме вест за вас: водата на некои европски езера е доволно топла за пливање дури и во март и април. Погледнете некои од предлозите на осумте прекрасни европски езера што ги избра „Трипадвајзор“ (Tripadvisor). Уште подобра вест: повеќето од нив се на само неколку часа возење.
Словенија е дом на многу скриени скапоцености во Европа, а езерото Блед не е исклучок, иако е вистина дека тајната на неговата убавина одамна е откриена. Со црква како од бајките, која ѕирка низ дрвјата на островот Блед, опкружен со тиркизносината вода на езерото, Блед изгледа речиси волшебно. Можете да го истражите со помош на стручен водич на еднодневен излет од Љубљана, која е оддалечена околу 35 километри.
Пат околу Македонија за осум дена од 1.730 долари
Автентично осумдневно патување низ Македонија нуди „Чуз Балканс“ (Choose Balkans), еден од водечките туроператори за дојдовен туризам во регионот Адрија. На потенцијалните странски гости Македонија им се нуди како земја со прекрасни национални паркови и места со богато културно наследство. „Посетете го главниот град, восхитувајте им се на впечатливите манастири и цркви, напијте се од вкусните вина, прошетајте по старите чаршии, уживајте во убавините на Охрид и на Охридско Езеро заштитени од УНЕСКО“, пишува во промотивниот текст.
Аранжманот за група од десетмина чини 1.730 долари по лице. Организаторот нуди и приватна тура за самци доколку сте подготвени да платите 4.260 долари. Во овие цени се пресметани комплетниот транспорт, сите ноќевања со појадок и туристичките такси, како и влезниците за културно-историските знаменитости, за кои е обезбеден професионален водич.
Најавен дводневен штрајк во „Луфтханза“: Ќе погоди 200.000 патници
„Дојче Луфтханза АГ“ очекува најновиот дводневен штрајк на копнените екипи да го попречи патувањето на повеќе од 200.000 патници, што ќе изврши притисок врз германската авиокомпанија да преговара за договор. Работничкиот синдикат „Верди“ го повика персоналот на „Луфтханза“ да се прекине со работа во четврток и петок, што следуваше по неуспешните преговори за платите и работните услови.
Од компанијата одговорија дека има подготвеност за преговори, но под услов „Верди“ да го откаже штрајкот. Екипажот кои работи на копно е меѓу работниците во германската транспортна индустрија кој не беше опфатен во зголемување на платите, а во услови на недостиг на персонал и висока инфлација.
Криптотреска на пазарите на капитал
Еуфоријата околу ЕТФ поттикна заживување на биткоинот минатата година, чија вредност продолжи да расте и во 2024 година. Водечката криптовалута периодов достигна највисоко ниво во повеќе од две години, а според познавачите на оваа сфера, криптотреската ќе продолжи и понатаму.
„Биткоинот, а и другите криптовалути се најосцилаторните валути на пазарот на капитал и иако криптопазарот помина низ едно тешко премреже и претрпе неколку силни удари во текот на 2023 година, пред сè тоа се должеше на огромни скандали, на почетокот на годинава повторно се врати во светскиот фокус на инвеститорската јавност. Утрово биткоинот ја преминаа границата од 64 илјади долари и многу брзо се движи кон историски највисокото ниво, кое беше во текот на 2022-2021 година (69.000 долари). Најновиот бум на финансиските пазари во светот пред сè се должи на одобрувањето на ЕТФ фондовите“, вели Душко Гошевски, поранешен член на Комисијата за хартии од вредност.