text size
Трансфер на пари во друга држава за десет секунди, во кое било време од денот, без разлика дали банките работат или не, и тоа без повисоки трошоци. Ова е една од придобивките на СЕПА (англ. Single Euro Payments Area) - единствената област за плаќање во евра. Минатата недела членките на Европската Унија конечно ја одобрија регулативата за ваквите инстант плаќања.