Општо

Кејт Мидлтон се извини поради монтираната фотографија

Автор: Bloomberg Adria

11 март 2024, 13:49

Принцезата проговори првпат откако во јавноста беше споделена спорната фотографија

Таа се извини поради „конфузијата што ја предизвика семејната фотографија“

Кејт Мидлтон се извини поради монтираната фотографија

Prince William/Kensington Palace

Bloomberg Adria

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, проговори првпат откако во јавноста беше објавена фотографија од неа и нејзините деца, која агенциите ја повлекоа поради сомневање дека е монтирана.

Прочитајте повеќеКаде е принцезата Кејт? Фотошопирана слика ги разгоре шпекулациите

„Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтирање. Сакам да го изразам моето извинување поради конфузијата што ја предизвика семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа среќен Ден на мајката“, порача Кејт Мидлтон.

 

 

Повеќе светски агенции ги повикаа медиумите да ја „избришат“ фотографијата од нивните системи и архиви откако сликата беше објавена во неделата.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Тие наведоа дека фотографијата покажува „недоследност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот“. Според агенциите, фотографијата имала многу „нелогичности“ поради што е разумно да постои сомнеж дека е обработена.

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

Додик осуден на една година затвор
Политика

Додик осуден на една година затвор

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска е прогласен за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

26.02.2025

Автор: Svjetlana Šurlan

сите новости од рубриката Политика