Нето-богатство на францускиот тајкун Бернар Арно годинава падна за повеќе од било кој друг на индексот на милијардери на „Блумберг“ (Bloomberg Billionaires Index), бидејќи побарувачката за луксузни стоки продолжува да се намалува.
Основачот на конгломератот ЛВМХ (LVMH - Moët Hennessy Louis Vuitton) забележа пад на своето богатство од 20 милијарди долари во овој период, на 187 милијарди долари, според рангирањето на 500 најбогати луѓе во светот. Откако акциите на компанијата претрпеа пораз по разочарувачките резултати неделава, загубите на Арно ги надминаа 18-те милијарди долари од најбогатиот човек во Кина, Жонг Шаншан.
Во меѓувреме Илон Маск, најбогатиот човек на светот, претрпе поголем пад за еден ден, иако тој сè уште е во пораст од 5 отсто на годишно ниво. Во средата богатството на соосновачот на „Тесла“ (Tesla Inc.) падна за 21,7 милијарда долари откако производителот на електрични автомобили објави разочарувачки квартални резултати, што поттикна неколку аналитичари да ги намалат своите ценовни прогнози и да ги симнат нејзините акции за 12 отсто, најмногу во последните речиси четири години.
Прочитај повеќе
Зошто луксузните модни брендови сè почесто менуваат директори?
„Том Форд“ објави дека креативниот директор Питер Хокингс ја напушта функцијата само по една година.
24.07.2024
Со инвестиција од милион долари на ЛВМХ, нè очекува првата и вистинска олимпијада на луксуз
Француската „експертиза“ внесува гламур на престижниот настан.
24.07.2024
Макрон го одликува Бернард Арно со највисокото француско признание
Бернард Арно го доби највисокото цивилно признание во Франција.
14.03.2024
Бизнис-лекции од кралот на луксузот
Побарувачката за луксузни производи по правило не се намалува за време на економски кризи.
30.07.2023
Еднодневниот пад на Маск беше петтиот најголем пад на пазарот во 12-годишната историја на индексот на богатството на „Блумберг“, намалувајќи го неговото богатство на 240,5 милијарди долари. И покрај падот, тој останува околу 37 милијарди долари пред Џеф Безос од „Амазон“ (Amazon.com Inc.), кој е на второто место.
Седумдесет и петгодишниот Арно минатиот месец падна на третото место од позицијата најбогат поединец во светот, примат што го достигна по пандемијата, кога глобалната побарувачка за луксузни стоки порасна. Во меѓувреме Жонг е изложен на ризик да ја загуби главната позиција во својата земја - на која се наоѓа речиси три години - во услови на засилена конкуренција и предизвици во односите со јавноста за неговиот гигант за амбалажирана вода „Нонгфу спринг“ (Nongfu Spring Co).
Падот на богатството на Арно е вкоренет во економската слабост во Кина, пазар на кој луксузната индустрија долго се потпира. Продажбата на ЛВМХ во регионот што ја вклучува Кина падна за 14 отсто во последниот квартал, што е разочарување за групата што беше меѓу најотпорните досега. Знаци дека луксузниот балон брзо се издува исто така дојдоа и од „Барбери“ (Burberry Plc) и „Ришемон“ (Richemont), сопственикот на брендот за накит „Картие“ (Cartier), контролиран од јужноафриканскиот милијардер Јохан Руперт.
Францускиот конкурент „Керинг“ (Kering SA), основан од Франсоа Пино (87), во средата предупреди дека профитот би можел да падне за околу 30 отсто во втората половина од годината. Луксузната фирма, која ја води синот на милијардерот, се мачи да го реобликува својот најголем бренд, „Гучи“ (Gucci), бидејќи неговото богатство се преполови во последните три години.
За Арно, падот се совпаѓа со поставувањето на неговите пет деца на клучни позиции во ЛВМХ и со серија зделки преку приватната компанија за капитал, „Катертон“ (L Catterton), која е поддржана од групата.