Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина по атентатот што се случи денеска во градот Нара.
Телевизијата NHK објави дека Абе починал во 18 часот по јапонско време.
67-годишниот Абе беше застрелан двапати од зад грб, од далечина од околу три метри додека водеше кампања за недлните избори за Горниот дом. Осомничениот напаѓач, идентифкуван како маж на 40-годишна возраст, бил совладан на самото место и уапсен.
Абе во 2006 година на 52-годишна возраст првпат беше именуван за премиер како претставник од Либерално-демократската партија.Тој станал најмладиот премиер на Јапонија, поради што го сметале за симбол на младоста и промените. Во меѓувреме, стана премиер со најдолг стаж во јапонската историја. Најпрво служеше од 2006 до 2007 година и повторно од 2012 до 2020.
Поранешниот јапонски премиер се обиде да ги поправи односите со Кина и Русија. Сепак, договор со Русија за спорните северни острови не беше постигнат, а не успеа и планот кинескиот претседател, Си Џинпинг, да допатува во државна посета на Јапонија.
Во август 2020 година предвреме се повлече од функцијата, поради здравствени проблеми односно поради улцеративен колитис.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...