text size
Гордана Силјановска-Давкова со денешната инаугурација во Собранието официјално ја презема должноста претседател на државата и стана првата жена во Македонија што ќе ја извршува оваа функција. Таа се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите и дека ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.