text size
Претставници на стопанските комори од земјите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) во Вашингтон потпишаа заеднички меморандум со Соединетите Американски Држави за соработка во областа на туризмот. Проектот, кој е прв заеднички чекор во претставувањето на Западен Балкан како единствена туристичка дестинација за американските посетители, треба да биде потврда за добрата регионална соработка. Притоа, беше истакнато дека соработката во туризмот може да има голем мултипликативен ефект врз многу други економски сектори и дека проектот е одлична можност за регионот.