text size
Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам Wine Vision by Open Balkan (Винска Визија на Отворен Балкан) во Белград.