text size
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера објави дека од синоќа на полноќ ќе се применуваат нови максимални малопродажни цени на нафтените деривати. Според новата одлука на РКЕ, еуросуперот БС-95 ќе се продава по нова максимална цена од 84 денари по литар, што е намалување за 2,5 денари. Еуросуперот БС-98 има нова максимална цена од 85,5 денари/литар, што е намалување од три денари. Максималната цена на еуродизелот (Д-Е V) останува 95,5 денари/литар.