text size
Македонскиот бруто-домашен производ во вториот квартал порасна за 4,3 отсто, што е највисок раст во последните четири години. Според статистичките податоци, двигател на растот е градежниот сектор, кој во периодот од април до јуни пораснал за 21,9 отсто споредено со лани. Според аналитичарот на „Блумберг Адрија“, Руди Лукачиќ, овој раст на градежништвото главно се должи на државните инвестиции во капитални проекти.