Студеното време и условите со слаб ветер месецов веќе резултираа со повлекување на гасот од складиштата, кое беше побрзо од вообичаено. Тоа предизвикува загриженост за доцната зима и сезоната на обновување на резервите следното лето.
Метеоролошкиот сервис „Максар“ очекува претежно благи услови за Северна и Централна Европа, со пониски температури фокусирани главно на југ, како Италија и Балканот.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Бизнис кој ѝ пркоси на природата
Од година во година расте просечната возрасна граница на лицата кои прв пат влегуваат во брачна заедница, а се зголемува и просечната возраст на жените кои прв пат стануваат родилки. Тоа е една од главните причини за намалување на наталитетот во регионот, но и за зголемување на неплодноста кај машката и женската популација која веќе добива епидемиолошки размери.
Освен емоционални семејни трауми поради неможноста да се создаде семејство, овој тренд носи сериозни демографски и економски предизвици со оглед на тоа што се јавува хроничен недостиг од работна сила.
Среќа во несреќа е што напредокот на медицината дозволува повеќе начини за оплодување кои овозможуваат значително поместување на старосните граници за формирање семејство. Тоа чини пари и овозможува развој на цела индустрија која во светски рамки веќе врти милијарди долари.
Кои македонски компании заработија милиони, а кои посакуваат подобри времиња?
Вкупно 89 компании котирани на берзата, во периодот јануари-септември годинава 68 работеле со добивка, а 21 прикажале загуба. Остварениот вкупен нето-финансиски резултат на компаниите во овој период изнесува 300,6 милиони евра, што е зголемување од 21,6 проценти во однос на истиот период минатата година, кога вкупната нето-добивка изнесувала 247,2 милиони евра.
Сепак, поединечните биланси на успех откриваат големи разлики во остварените финансиски резултати, без оглед на тоа дали компаниите доаѓаат од ист или од различни сектори на работење.
Меѓу најуспешните акционерски друштва во земјава по остварената нето-добивка, како и во претходниот период, се македонските банки. Сите седум банки што котираат на Македонската берза во периодот јануари-септември работеа со добивка...
Анализираме што ја турка цената на нафтата - каде е дното?
Претставниците на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) викендов ќе треба да изберат меѓу две крајности - или ќе продолжат да го ограничуваат производството или ќе ризикуваат натамошен пад на цените.
На три дена пред состанокот, цената на нафтата се стабилизира по веста за постигнатиот договор меѓу Израел и Хезболах за привремен прекин на огнот.
Претпоставките се дека в недела ќе биде донесена одлука повторно да се одложи одлуката за зголемување на производството на нафта затоа што, ако славините бидат отворени, цената на црното злато може да се слизне и до 60 долари за барел.
Шнабел: Нови кратења на стапките ќе го намалат маневарскиот простор на ЕЦБ
Европската централна банка (ЕЦБ) мора да биде внимателна при понатамошното намалување на каматните стапки, бидејќи пребрзото и преголемо кратење може да предизвика „негативни последици“. Ова го изјави членката на извршниот одбор на банката Изабел Шнабел во интервју за „Блумберг“ (Bloomberg) на прашањето за идните политики на монетарните власти во Франкфурт.
Членката на одборот спаѓа меѓу јастребите во составот на одлучувачите во ЕЦБ, што го илустрира нејзината изјава дека трошоците за позајмување се веќе блиску до нивото што не ја ограничува економијата, а дополнителните намалувања на каматите би можеле значително да го „намалат маневарскиот простор на банката“. Шнабел исто така предупреди на намалување на каматните стапки под т.н. неутрален праг.
БЈД навестува уште поголема ценовна војна за електрични возила во Кина
Кинескиот производител на електрични возила БЈД (BYD Co.) побара од доставувачите да прифатат намалување на цените следната година, што укажува дека кинеската компанија се подготвува за интензивирање на жестоката ценовна војна на најголемиот автомобилски пазар во светот.
Скриншот од е-пошта, наводно од автогигантот со седиште во Шенжен, циркулираше на социјалните мрежи во средата, барајќи десетпроцентно намалување на цените од страна на неименуван доставувач од јануари.
Е-поштата укажува дека производителот на електрични возила веќе се позиционира за да се соочи со понатамошни попусти во наредната година. Ценовната војна на кинескиот автомобилски пазар, која трае најмалку две години, предизвика бран на консолидација и ги доведе помалите играчи до работ на опстанок.