text size
Анализираме со какви долгорочни инвестиции односно штедење би можеле да имате мирни пензионерски денови. Откриваме колку може да бидат успешни бизнисите кои даваат услуги од земјава во странство. Истражуваме каква е состојбата со производство на јагнешко месо во земјава и каква е состојбата со сточниот фонд денеска во однос на минатото. Со оглед на тоа што во светот се јавува хроничен недостиг од јајца, истражуваме какво е производството во Македонија.
Прашуваме што се случи со унгарскиот кредит односно кои се компаниите кои први добија пари и за какви намени. Исто така, прашуваме зошто Владата се задолжува кај комерцијалните банки во Македонија и под кои услови.
Откриваме колку Македонци побарале азил во минатата година и во кои држави. Истражуваме колку заработуваат македонските инфлуенсери и водители на подкаст емисии. Посочуваме какви новини носат измените на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и што ќе значи тоа во практика. Обелоденуваме какви се најновите трендови на пазарот на фиксна и мобилна телефонија и интернет услуги во Македонија, како и колку од приходите на ЕВН се од македонскиот пазар.