text size
Анализираме како ќе влијаат новите тарифите што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп врз глобалниот пазар на автомобили односно дали се можни промени на цените и во Македонија. Истовремено, истражуваме какво е расположението во Конгресот околу новите политики на американскиот претседател и дали се можни промени односно одбивање на неговите наредби.
Откриваме каква можност за заработка и за склучување зделки овозможуваат спортските турнири меѓу компаниите во земјава. Прашуваме до каде е изградбата на автопатот до Охрид во пресрет на летото и како тече изградбата на другите патни делници.
Истражуваме какви алатки базирани на вештачка интелигенција се изработуваат во Македонија. Исто така, анализираме зошто се јавува континуиран пад на работниците во индустријата. Ги следиме најновите трендови кај цените во малопродажбата и откриваме што ја придвижува инфлацијата.