Прашуваме за какви проекти приватниот сектор во Македонија и државните институции користат пари од фондовите на Европската Унија, но и какви се пропуштените можности за финансирање поради немање визија.
Состојбата на германската економија не е на завидно ниво, а Германија е најголем трговски партнер на Македонија и една од ретките земји со кои што нашата земја има суфицит во трговската размена. Поради тоа посочуваме какви би биле можните влијанија врз македонската економија од состојбата во Германија, но и од проблемите со кои се соочуваат другите поголеми трговски партнери на нашата држава.
Анализираме во каква кондиција е бруто надворешниот долг на Македонија односно дали е навлезен во небезбедна зона. Пресметуваме какви се приносите од инвестирање во златото чија вредност урива рекорди веќе подолг период.
Се фокусираме на лошата состојба во која се наоѓа текстилната индустрија во Македонија и прашуваме кои се решенијата за подобрување на состојбата. Откриваме колку тежи бизнисот со изнајмување возила во Македонија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...