Ниту во ноември инфлацијата во земјава не падна под 4 отсто. Според податоците на државниот завод за статистика минатиот месец поскапело речиси сѐ: транспорт за 1,7 проценти, рекреација и култура за 0,9 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти...
Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот
Грција е најпривлечна за странски пензионери: Како стои Македонија?
По остварувањето на правото на пензија, луѓето во светот главно се селат. Бараат нови дестинации кои ќе им овозможат помирни денови во староста. Притоа бираат врз основа на повеќе критериуми - трошоците за живот, климата, здравството, квалитетот на домувањето …
Според овие критериуми магазинот „Интерншнл ливинг“ го креираше Годишниот глобален индекс за пензионирање за 2026 година и ги рангираше 10-те земји кои се најатрактивни пензионерите.
Три јасни пораки за инвеститорите во регионалниот пазар на капитал
Регионот на Централна и Источна Европа е во интересен момент во развојот на приватните пазари. Додека Европа како целина бележи континуиран раст на индустриите за приватен капитал (private equity) и за ризичен капитал (venture capital), ЦИЕ сè уште учествува со само околу 2,2 проценти од вкупните европски инвестиции. Полска учествува со речиси половина од таа сума, додека Хрватска, Словенија и Србија сè уште се под просекот.
„Ова не е показател за слабост, туку јасен сигнал за неискористен потенцијал. Помалку развиените пазари нудат поповолни влезни вреднувања, помала конкуренција и побрз простор за раст“, вели Михаел Блажековиќ, главен аналитичар во аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“
Нов станбен кредит од „УНИ банка“ – поголеми соништа со помали грижи
Купувањето сопствено живеалиште на кредит, стан или куќа, често знае да биде доста стресен потфат. Дали ќе имам доволно за учество, дали ќе можам цело време да ги плаќам ратите, што ако порасне каматната стапка, што ако ми се случи некој несакан настан... се прашањата што обично си ги поставуваат сите што влегуваат во кредитен аранжман со банка за да го остварат својот сон.
„УНИ банка“ создадe нов продукт – станбен кредит со фиксна каматна стапка, кој ви гарантира сигурност и предвидливост од првиот до последниот чекор на патот кон сопствен дом. Деталите погледнете ги тука.
Се вжештува битката за „Ворнер Брос“, стигна понуда за купување поддржана од зетот на Трамп
Редно време беше обновениот бум на зделки да доведе до навистина непријателска понуда што вреди да се следи.
Само неколку дена откако холивудското студио „Ворнер Брос дискавери“ (Warner Bros. Discovery Inc.) се согласи да биде купено од „Нетфликс“ (Netflix Inc.), „Парамаунт скајденс“ (Paramount Skydance Corp.) даде понуда од 108 милијарди долари директно до акционерите на култното холивудско студио. Контрапонудата има голема привлечност. Таа го става „Ворнер“ во позиција да објасни зошто точно не се ангажирале поупорно околу инвеститорот, поддржан од семејството на милијардерот Елисон, при обидот да се склучи пријателски договор.
„Гугл“ под истрага на ЕУ за злоупотреба на доминантна позиција поради ВИ-алатките
„Гугл“ (Google) се соочи со истрага на Европската унија поради сомнежи дека американскиот технолошки гигант ја злоупотребува својата пазарна моќ при воведувањето на алатките за вештачка интелигенција — само неколку дена откако слична истрага беше покрената и против „Мета“ (Meta Platforms Inc.).
Во потег што веројатно ќе предизвика критики од Белата куќа, европските регулатори соопштија дека ќе испитаат дали единицата на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) наметнувала неправични услови на креаторите на содржини и дали ѝ давала предност на сопствената ВИ-моделска технологија во однос на конкурентите.