Европската централна банка (ЕЦБ) за неделава подготвува уште едно значително зголемување на каматните стапки, а вниманието сè повеќе се префрла на крајната висина на стапката.
Второто последователно зголемување од 75 базични поени - покачување што изгледаше речиси незамисливо претходно годинава, но станува норма по трите такви потези од Федералните резерви во САД - е веќе завршена работа за в четврток, со што стапката на депозити достигнува 1,5 отсто.
Но, малкумина мислат дека ќе остане на таа висина. Сепак, инвеститорите и економистите се прашуваат до каде може да се подигне бидејќи рецесија, поттикната од енергенсите, се заканува да ја зафати еврозоната, а домаќинствата се борат со зголемените цени за греење и хипотеки.
Прочитај повеќе
ЕЦБ треба да продолжи да ги зголемува каматите и следната година
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Мартинс Казакс, изјави дека зголемувањето на каматните стапки треба да продолжи и следната година.
17.10.2022
Дел од ЕЦБ се залага за средување на билансот на почетокот на 2023
Се појавува консензус меѓу некои членови на Управниот совет дека процесот на намалување на билансот треба да се одвива во заднина.
14.10.2022
Ваквата ситуација би можела да ги заживее „гулабите“ на ЕЦБ чии повици за претпазливост при пребрзо зголемување на трошоците за задолжување беа задушени од порастот на цените од 10 отсто - петпати над посакуваната цел. Аналитичарите анкетирани од Bloomberg сметаат дека стапката на депозити ќе достигне врв од 2,5 отсто во март, иако очекуваат темпото на зголемувања да се забави по овој месец.
Дводневниот состанок на претставниците на ЕЦБ би можел да донесе и построги услови за евтините заеми од времето на кризата, ставени на располагање на банките, како и индикации за тоа како функционерите планираат да ослободат илјади милијарди евра обврзници.
„ЕЦБ не е ни приближно завршена со својата борба против инфлацијата“, вели Елмар Воелкер, аналитичар за фиксен приход во Landesbank Baden-Wuerttemberg, најголемата регионална државна банка во Германија. „Но, тие може да почнат да дејствуваат пофлексибилно од почетокот на 2023 година“, додава тој.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува на „токсичен микс“ од брза инфлација и стагнација на економскиот раст, предвидувајќи рецесија во повеќе од половина од 19-те членки на еврозоната во текот на зимава. Истовремено, се забележува дека затегнатата монетарна политика најверојатно ќе мора да се задржи и следната година.
Колку стапките се движат подалеку од точката во која почнуваат да ја ограничуваат економијата - на теоретско ниво за кое се смета дека е некаде околу 2 проценти - може да се покажат како пречка.
ЕЦБ „не смее да се откаже прерано“, рече претседателот на Bundesbank, Јоаким Нагел, минатата недела во Вашингтон, додека Словакот, Петер Казимир рече „треба да продолжиме да работиме.“ Пазарите на пари очекуваат трошоците за задолжување да се искачат над 3 проценти во 2023 година - ниво што „јастребите“ (застапниците на построга монетарна политика) како Белгиецот, Пјер Вунш, го нарекоа „разумно“.
Од друга страна, шпанската централна банка проценува дека највисока каматна стапка во опсег од 2,25 - 2,5 отсто би можела да ја врати инфлацијата до целта од 2 отсто на среден рок, додека пак, Португалецот, Марио Сентено е загрижен дека во „најлош случај“ ЕЦБ ќе мора да повлече откако ќе отиде предалеку.
Што вели Bloomberg Economics:
„Сметаме дека ЕЦБ ќе го заврши својот циклус на затегнување во февруари 2023 година. Под претпоставка дека е зачувана финансиската стабилност, ова е во согласност со билансот кој почна да се намалува во март“. - Дејвид Пауел
Цените нема да бидат единствената тема на разговор. Претставниците може да објават построги услови за долгорочните TLTRO заеми на банките, кои се дизајнирани да го поттикнат задолжувањето, но чии услови станаа премногу дарежливи. ЕЦБ смета дека промената е законски изводлива.
Квантитативното затегнување - процесот на ослободување од речиси пет илјади милијарди евра обврзници што ЕЦБ ги акумулираше, главно за време на неодамнешната криза, исто така може да се дискутира, иако сè уште не се очекуваат конкретни активности.
Претседателката Кристин Лагард минатиот месец на европратениците им порача дека квантитативното затегнување ќе започне „во вистинско време“. Некои функционери се залагаат за намалување на билансот на состојба на ЕЦБ со едноставно пуштање обврзниците да доспеат, додека се фокусираат на стапките за да ги контролираат инфлаторните очекувања.