Германската економија - најголемата во Европа - најверојатно ја избегнa зимската рецесија и порасна во првиот квартал годинава, благодарение на растот во производството, зголемениот извоз и растот во градежништвото, објави Бундесбанк.
Откако пред само четири недели предупреди дека производството веројатно се намалило втор квартал по ред помеѓу јануари и март, централната банка рече дека во тој период можеби, всушност, е забележан „мал пораст“. Сепак, предупреди дека не е обезбедено одржливо закрепнување.
„Економската ситуација во Германија донекаде осветли, но таа и понатаму е слаба во основата“, објави Бундесбанк во четвртокот во својот месечен извештај. „Затоа сè уште не е сигурно дека зголемувањето на економското производство ќе продолжи во вториот квартал“.
Прочитај повеќе

Дали најголемата европска економија гледа светлина на крајот од тунелот?
Најголемата европска економија беше притисната од слабиот странски пазар.
08.04.2024

Политиката како непријател на економскиот раст
Последната анкета на македонската Народна банка покажа очекувања за растот на економијата од само 2,6 отсто годинава.
05.04.2024

Раст на нарачките во германските фабрики, има надеж дека економијата закрепнува
Неодамнешните податоци за германската економија се измешани.
05.04.2024

Невработеноста во Германија со помал раст, добар сигнал за економијата
Невработеноста се зголеми за 4.000, додека економистите анкетирани од „Блумберг“ предвидоа зголемување од 10.000.
28.03.2024

Германија е пациентот на Европа, но други земји кашлаат
Италијанската економија сè уште има голема веројатност да забави годинава.
27.03.2024

Некогаш двигател на растот на континентот, Германија во последно време заостануваше, особено со нејзиниот огромен индустриски сектор, кој страдаше од падот на понудата, крајот на евтините руски испораки на енергија и трговските промени предизвикани од слабата глобална побарувачка и геополитичките шокови. Таа беше единствената земја од Групата седум што лани имаше пад на производство.
Некои сè уште не гледаат крај на борбите на нацијата: Истражувањето на аналитичарите на „Блумберг“ објавено неделава покажа дека бруто-домашниот производ веројатно се намалил за 0,1 отсто во првиот квартал.
Но неделава имаше охрабрувачки зборови од претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која за „Си-ен-би-си“ (CNBC) изјави дека Германија „можеби го свртела аголот“, при што индустриското производство „пораснало“ повеќе од очекуваното.
Навистина, оптимизмот кај потрошувачите, бизнисите и инвеститорите порасна неодамна - потхранувајќи ги надежите дека Германија може да ги остави своите неволји зад себе. „Ако ова подобрување продолжи, економијата исто така би можела да заживее позначајно отколку што се очекуваше пред еден месец“, велат од Бундесбанк.
Постојат предупредувања. Индустријата и понатаму е слаба, а градежништвото најверојатно ќе опаѓа откако беше поттикнато од топла зима, предупреди централната банка. Високите каматни стапки исто така ги намалуваат инвестициите, додека побарувачката за извоз е сè уште слаба, а домаќинствата се колебаат да трошат - и покрај здравиот пазар на трудот, зголемените плати и забавувањето на инфлацијата.
Ваквите фактори се рефлектираат во овонеделното намалување на рејтингот на Меѓународниот монетарен фонд на неговата прогноза за германскиот економски раст во 2024 година. Сега се предвидува БДП да порасне за само 0,2 отсто, од 0,5 проценти пред три месеци.