Членот на Управниот совет на Европската централна банка, Мадис Мулер, рече дека официјалните лица мора да бидат внимателни при натамошното монетарно олабавување бидејќи зголемувањето на платите и растот на цените на услугите остануваат покачени.
„Од таа причина, не можеме да избрзуваме со намалување на каматните стапки“, изјави денеска естонскиот функционер.
Креаторите на политиката ја разгледуваат можноста за натамошни намалувања, откако ги намалија стапките минатиот месец за прв пат по континуираниот период на покачувања. Повеќето повикуваат на претпазливост, наведувајќи ја високата неизвесност околу изгледите за инфлацијата и економскиот раст.
Иако акција во јули не е целосно исклучена, повеќе податоци и нов сет на прогнози ќе бидат достапни два месеци подоцна, рече Вујчиќ во интервју за „Блумберг“
17.06.2024
Мулер неколку дена претходно изјави дека инфлацијата „повеќе или помалку се движи по очекуваниот пат да се врати на целта од два проценти кон крајот на 2025 година“, но додаде дека исто така гледа опасности - вклучително и подобрување на економијата што „може да генерира и некои нагорни ценовни притисоци“.
„Постои ризик од потценување на лепливоста на инфлацијата, но ние ќе останеме будни“, соопшти Мулер.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Се очекува извештајот за еврозоната да покаже забрзување на инфлацијата во декември, главно поради очекуваниот зголемен раст на цените во големите економии во Европа
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
Потребна е поголема финансиска писменост кај младите преку наставни и воннаставни активности, со цел тие да можат да имаат квалитетен живот, сметаат панелистите на форумот.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.