Европската Унија ќе се обиде до крајот на неделата по забрзана постапка да донесе закон за укинување на сите царини на американските индустриски производи, барање што го постави претседателот Доналд Трамп пред САД да ги намалат своите давачки за извозот на автомобили од ЕУ.
Според упатени извори, Европската комисија, која е надлежна за трговските прашања на ЕУ, ќе одобри и поволни царински стапки за одредени морски и земјоделски производи.
ЕУ призна дека трговскиот договор постигнат со Трамп е повеќе во корист на САД, но дека е неопходен за да им се обезбедат на компаниите стабилност и предвидливост. Претседателката на комисијата Урсула фон дер Лајен претходно го опиша како „силен, иако не совршен договор“.
Прочитај повеќе

ЕУ го брани правото на регулирање по нападите на Трамп врз дигиталните даноци
ЕУ реагираше на заканите на Трамп, истакнувајќи дека има право да ги регулира економските активности на своја територија според демократските вредности.
26.08.2025

Трамп најави извозни ограничувања и царини како одмазда за дигиталниот данок
Се отвора нова фаза во трговската конфронтација.
26.08.2025

ЕУ и САД ги утврдуваат следните чекори за царините
ЕУ и САД најавија намалување на царините за автомобилите и отворија можност за олеснувања за металите, како дел од поширок договор за трговија.
22.08.2025

Глобализацијата може да ја преживее трговската војна на САД
Дури и во услови кога САД ја прифаќаат самоодржливоста и се покажуваат како несигурен економски партнер, другите земји сакаат да продолжат со трговијата. И знаат како.
13.08.2025

Кои се победниците, а кои губитниците од царините на Трамп?
Политиките на Трамп може да доведат до намалување на глобалната економија и зголемување на напнатоста во односите на САД со сојузниците и конкурентите
09.08.2025
Потегот следува во момент кога Трамп се заканува дека ќе воведе царини и други казнени мерки за земјите што воведуваат даноци на онлајн услуги, без да прецизира кои држави би биле цел и дали ЕУ би била меѓу нив.
Американскиот претседател подолго време жестоко се спротивставува на регулативите на ЕУ за технологијата и антимонополските правила, кои ги погодуваат американските технолошки гиганти како „Гугл“ на „Алфабет“ (Alphabet Inc.’s Google) и „Епл“ (Apple Inc.).
Топ 10 увозници на автомобили во САД
Германските и јужнокорејските производители на автомобили остваруваат најголем дел од својата продажба во Америка со возила што се увезуваат од странство.
Bloomberg
Европските автомобили и автоделови во моментов се соочуваат со царина од 27,5 отсто при извоз во САД. Иако САД и ЕУ постигнаа трговски договор со кој американските царини речиси за сите европски производи би се намалиле на 15 отсто, Трамп рече дека тоа нема да важи за автомобилите сè додека не биде предложен закон за укинување на индустриските и другите давачки.
Доколку ЕУ го предложи законот до крајот на месецот, тогаш царината од 15 отсто на европските автомобили ќе важи ретроактивно од 1 август. Автомобилите се еден од најзначајните извози на Унијата во САД, при што само Германија извезе нови автомобили и делови во вредност од 34,9 милијарди долари во 2024 година.
„Комисијата ќе ја прескокне вообичаената анализа на последиците од законот, постапка што обично се спроведува во вакви ситуации, за да може побрзо да го проследи предлогот“, рекоа упатени извори, кои побараа анонимност.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...