Напорите на Обединетото Кралство за декарбонизација на својот енергетски систем до крајот на деценијата ќе дадат најголем поттик за вработување во Источна Англија и Шкотска.
Владиниот план објавен денеска предвидува дека овие региони ќе имаат најголема корист од над 400.000 нови работни места што ќе се создадат за поддршка на транзицијата кон енергија со низок јаглероден отисок.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе

Пресврт во 2024 година во ЕУ: Енергијата произведена од сонце ја надмина таа од јаглен
Соларното производство во ЕУ лани се зголеми за 22 отсто, на 304 терават-часа, а производството од јаглен падна за 16 проценти, на околу 269 терават-часа.
23.01.2025

Американските царини закана за пазарот на чисти технологии
Царините што го воведе Доналд Трамп би можеле сериозно да ги искомплицираат глобалните напори за климатска одржливост.
05.04.2025

Ни најнапредната ВИ не може да замени некои професии, тврди Бил Гејтс
Гејтс предупредува дека многу професии ќе исчезнат, но некои остануваат незаменливи
30.03.2025

Европа гради премалку нови ветерни електроцентрали за да ги исполни енергетските цели
Европа изгради само 13 GW нов капацитет на ветерна енергија во 2024 година.
14.01.2025

Нуклеарна централа во Македонија - за и против
Притисната од потребата за намалување на штетните емисии, Европа се врти кон нуклеарките.
19.11.2024
Водоинсталатери, електричари и заварувачи се меѓу најбараните занимања - со задачи кои се движат од изградба и управување со обновливи инсталации до подобрување на ефикасноста, управување со паметни мрежи и декарбонизација на традиционалните индустрии.
Во Источна Англија се очекува само изградбата на нуклеарниот погон „Сајзвел си“ (Sizewell C) на брегот на Сафолк да создаде 10.000 работни места. Плановите за складирање на јаглерод во Шкотска и североисточна Англија, исто така, треба да поддржат околу 35.000 работни места, според Министерството за енергетска безбедност на Велика Британија.
До 2030 година Лондон може да има 25.000 вработени кои директно ќе бидат ангажирани за чиста енергија, што би било повеќе од двојно во однос на нивоата од 2023 година.
Владата соопшти дека става акцент на финансирање за обука на работници во областите на чиста енергија, бидејќи индустријата честопати посочува на недостастигот на кадар со соодветни вештини. Во извештајот се проценува дека бројот на водоинсталатори и столари до 2030 година ќе се удвои во споредба со нивоата од 2023 година. Кога станува збор за заварувачите, една од најбараните професии, ќе биде потребен тројно поголем број квалификувани работници.