text size
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја зголеми референтната камата за 75 базични поени односно за три четвртини од процентниот поен. Ова станува се поверојатен исход од состанокот на ЕЦБ утре, пред кој се подгреваат предвидувањата, ама и стравувањата за идниот развој на финансиската ситуација во еврозоната. Аналитичкиот тим на Bloomberg Adria, исто така верува во зголемување на каматите за толку, а во посебна анализа пред состанокот аналитичарите тврдат дека ЕЦБ се уште се бори со дилемите дали до сега направила доволно во борбата со растечката инфлација во еврозоната. ЕЦБ последен пат ја зголеми својата основна стапка за три четвртини од процентниот поен во 1999 година.