text size
„Со Србија се преговара за размена на гас за електрична енергија, а доколку се постигне договор половина од електричната енергија која ќе се произведе во ТЕ-ТО да остане за нашите потреби, а другата половина да се врати на северниот сосед. Ние ја прифативме оваа финална понуда и Србија сериозно ја разгледува. Овој предлог за размена на енергенси првично беше предложен од Србија за што Северна Македонија даде конечен одговор, а сега чекаме одговор од српската страна“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вчерашното гостување во 360 степени на Алсат телевизија.