text size
Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно зголемување од 0,04 п.п. и 0,78 п.п., соодветно и изнесува 5,08 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,17 проценти што претставува месечен и годишен раст од 0,06 п.п. и 0,49 п.п., соодветно, соопшти Народната банка.