text size
Првпат по март 2022 година инфлацијата во земјава е едноцифрена. Според денешните податоци на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во јуни се зголемиле за 9,3 отсто споредено со истиот месец претходната година, додека цените на мало се зголемиле за 5,7 отсто.