text size
Владата на последната седница ја усвоила предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. „Блумберг Адрија“ минатата недела објави дека прекројувањето е во тек, а клучна причина за прераспределбата е да се обезбедат пари за најавените зголемувања на платите, кои треба да бидат префрлени од други ставки.
По утврдувањето од страна на Владата, предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија и предметната предлог-одлука ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија.